June 26, 2022 03:14
Македонија

Османи на неформалниот состанок на НАТО министрите во Берлин

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе учествува на неформалниот состанок на НАТО министрите за надворешните работи, што ќе се одржи на 14 и 15 мај, во Берлин. Во фокусот на разговорите ќе биде руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, вклучително и безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите во Мадрид. 

На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата. 

На маргините на состанокот, се очекува министерот Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, како и со други хомолози.

không vào được go88 go88 mat play go88.top

không vào được sunwin game đánh bài sunwin mẹo chơi tài xỉu sunwin