June 25, 2022 10:26
Македонија

Османи на НАТО министерски состанок во Берлин: Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на 14 и 15 мај, учествуваше на неформалниот НАТО Министерски состанок, во Берлин.

Во фокус на состанокот беше актуелните безбедносни состојби по руската воена инвазија во Украина, како и можните импликации од војната врз сојузниците и идната одбранбена поставеност на НАТО.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО се осврнаа на подготовките на новиот Стратешки концепт на Алијансата, претстојниот Самит на НАТО во Мадрид и очекуваните резултати од истиот.

Во рамки на состанокот, учествуваа и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска кои ги информира НАТО сојузниците за најновиот развој на настаните во двете земји и динамиката на носење одлуки и правци на делување во контекст на можните аспирации за нивно членство во НАТО.

“Северна Македонија како најнова членка на НАТО ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата. Аспирациите на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО, се важен чекор за зачувување на трансатлантската стабилност. Сегашната геополитичка средина го турка Западен Балкан исто така високо на агендата. Регионот е неизбежен дел од идната европска безбедносна архитектура. Во овој контекст би сакал да повторам дека перспективите на ЕУ на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика”, истакна Османи.

На маргините на состанокот, министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари билатерални средби со хомолозите од Украина, Дмитро Кулеба, Црна Гора, Ратко Кривокапиќ и Холандија, Вопке Хоекстра.

https://tai.go88.is/

sunwin live sunwin aaa sunwin energy