February 3, 2023 20:47
Македонија

Османи и Милков во посета на НУБ Климент Охридски каде положија цвеќе

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, во рамките на денешните активности во Скопје по повод одржувањето на бизнис форумот меѓу двете земји, остварија и посета на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје.

 При прошетката низ просториите, министрите имаа можност да ја разгледаат богата колекција на уметнички дела – изложба посветена на 50-годишнината од пуштањето во употреба на специјалниот наменски објект на НУБ „Св. Климент Охридски”, дело на архитектот Петар Муличковски, како и изложба на дела од еминентни ликовни уметници на кои е претставен Св. Климент Охридски од колекцијата на Климе Коробар.

 Во рамките на посетата, положувајќи цвеќе, двајцата министри заеднички го чествуваа ликот и делото на Св. Климент Охридски, кој воедно е патрон на Националната и универзитетската библиотека во Скопје.