За неколку дена ќе има предлог за амбасадор на Северна Македонија во Бугарија. Ова во интервју за bTV го соопшти министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија.
Од април 2020 година, Скопје нема претставник во Софија.
-Се согласувам со вас дека ни беше грешка што немавме амбасадор во Бугарија сите овие години. Изјавувам дека сè уште немаме дефинитивно име, но во наредните денови ќе дадам предлог за амбасадор на Северна Македонија во Софија“, рече Бујар Османи.
Македонскиот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, се врати во Македонија по завршувањето на неговиот мандат на 31 март 2020 година. И покрај барањето да му биде продолжен мандатот, од МНР добил одговор дека треба да се врати.