Македонија

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју за БТВ.

„ Во односите меѓу двете земји се очекуваат резултати од двете страни. На пример, патната врска меѓу Скопје и Софија не може да биде само наша посветеност, наша заложба е Крива Паланка, граничниот премин Клепало од наша страна е завршен. Очекуваме да го завршите од ваша страна. Сметам дека нашите односи не можат да се засноваат само на политичка доверба и политички договор. Треба да изградиме мрежа на соработка со контакти и врски. Луѓе, бизниси, универзитети кои ќе останат цврсто поврзани, дури и ако се наруши политичката соработка, оваа мрежа ќе остане силна“ рече Османи.

Македонскиот министер вели дека би било добра идеја за преговорите меѓу Софија и Скопје, доколку и Бугарија, како и Северна Македонија, направи измени во составот на Мешовитата комисија за историски прашања.

„ Во време кога климата се влошува, и историчарите губат храброст и се трудат да не ги попречуваат политичарите. Досега сменивме двајца претставници во Комисијата, Бугарија нема промена во составот, можеби треба да има корист од нашето искуство, но јас не прејудицирам таков чекор“, вели македонскиот министер за надвореши работи.

Во однос на барања од бугарската страна за вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав, Османи вели дека Северна Македонија во светот е позната по степенот на колективните права на граѓаните, особено по потпишувањето на Рамковниот договор со кој се воспоставија односи меѓу државата и етничките заедници.

„ Не гледам ништо проблематично за која било друга етничка заедница да се вклучи, да се интегрира, но и да покаже одговорност и лојалност кон државата. Конкретно, можам да зборувам за Рамковниот договор, како претставник на етничка заедница која имаше корист од Рамковниот договор, но тоа не беше само за Албанците и Турците, Србите, Власите и Ромите, туку може и Бугарите станат дел од него“, вели тој.

Османи рече дека во план е првите недели од новата влада да се донесе одлука за испраќање наш амбасадор во Софија, без да каже име и детали.

Османи потсети дека во 2006 година македонскиот парламент издаде извинување до семејствата на жртвите од комунизмот.

Според него, општеството не бега од темата за репресираните Бугари за време на југословенскиот режим.

„ Сега сме подготвени да ја претвориме декларацијата во позиција на независната држава Северна Македонија, како и други практични аспекти – пристап до архиви и потоа отворање поединечни случаи, доколку ги има, потребата да се зборува за нив и зошто и да не се процесираат, доколку постои законска можност за тоа“, додава Османи.

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Komi Can’t Communicate Episode 8

AnimeDao Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat Episode 12

Ranking of Kings Episode 9

SK8 the Infinity Episode 11