October 22, 2021 09:17
Економија

Османи: Економската соработка со Турција го нема постигнато посакуваното ниво, постојат многу можности

Досегашната целокупна економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Турција го нема достигнато посакуваното ниво од двете држави и постојат многу можности кои треба максимално да бидат искористени како на државно ниво, така и од страна на бизнис заедниците и компаниите, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи на веб конференцијата со Стопанската комора на Истанбул, на тема: „Трговски и инвестициски можности со Република Северна Македонија”.

Османи, се вели во соопштението од МНР, на конференцијата информирал дека Министерството подготви нов концепт на економска дипломатија, со цел создавање на услови за искористување на економските потенцијали кои Република Северна Македонија ги има со другите држави.

-Креиравме нов концепт на делување на надворешно економски план, преку ‘tailor made’ пристап, се со цел унапредување на економските односи со другите земји со кои има потенцијал за привлекување на инвестиции, зголемување на трговската размена и привлекување на туристи. Концептот подразбира испраќање на економски советници токму во тие држави/региони, истакна МНР Османи, нагласувајќи дека Република Турција, како важен економски партнер, е една од првите дестинации во која Министерство за надворешни работи ќе испрати економски советник.

На веб конференцијата презентација имал и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски кој го претставил новиот концепт за привлекување на инвестиции и можностите за турските компании.

-Ја отвораме државата за сите инвеститори кои ќе донесат поголема додадена вредност, стабилни работни места и повисоки плати за нашите сограѓани. Со новиот концепт на привлекување инвестиции само во последниве пет месеци успеавме да поттикнеме интерес кај над 30 компании меѓу кои и од Турција, со кои преговараме за инвестиции од над 425 милиони евра. Четири турски компании веќе инвестираат над 15 милиони евра кои треба да донесат над 200 работни места, истакна Деспотовски, се вели во соопштението од МНР.

Она што не прави различни, посочи Деспотовски, е новиот индивидуализиран пакет за државна помош, креиран врз анализа на инвестициски планови и профил на компанијата, како и новиот систем за грижа на корисници, таканаречен систем „на една влезна точка” кој нуди поедноставен пристап до услугите за компаниите и персонализирана поддршка.

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Bai Yao Pu 2nd Season (https://animeflix.nl/m/B4lE) Episode 6

AnimeFLV: Campione! anime episode 13 online free at https://animeflv.uk animeflv

KissAnime: Dragon Ball Z Kai: The Final Chapters anime episode 69 online free at https://kissanime.mx fire force kissanime

Getpocket: https://getpocket.com/@gogoanimelol

Rapidapi: https://rapidapi.com/user/kissanimemx