February 21, 2020 04:16
Македонија

Османи: Во октомври сите проценија дека сме спремни за почеток на преговори

Во октомври сите во ЕУ проценија дека земјава е подготвена за почеток на преговори, посочи денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во гостувањето во утрински брифинг на „Слободен печат”.

– Во 2020 има три одлучувачки самити. Ние работиме за оној во 26 март. Редовните извештаи на ЕУ се во април. Од ЕУ сакаат да објават вонреден извештај во февруари за да има врз основа на што да се донесе одлуката на самитот во мај. Но ставот нивни е дека нема по секоја цена да се оди на извештај доколку не се почувствува клима дека не може да се донесе одлука во март, за да не се случи уште една препорака да заврши неуспешно во март и дополнително ќе ги зголеми фрустрациите кај луѓето, изјави Османи.

– Ние не ретерираравме од октомври за да ја сменат оценката за нас, а тоа е дека сме поспремни од било која земја во историјата на ЕУ што почнувала со преговори, вели Османи.