March 1, 2021 04:47
Македонија

Османи во Елисејската палата на средба со советниците на Макрон, Думон и Адам

Во продолжение на работната посета на Франција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи,реализираше одвоени средби во Елисејската палата со советниците во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, Изабел Думон, надлежна за Континентална Европа и Турција, и со советникот за Европа, Александар Адам.

На заедничката средба Османи ја потенцираше важноста од имплементација на одлуката на советот на ЕУ од март минатата година,како важен услов за задржување на европскиот кредибилитетот во регионот, особено кредибилитетот на процесот на проширување. Во оваа насока беше разгледана и стратегијата за Западен Балкан на францускиот претседател, Емануел Макрон, за која беше констатирано дека претставува интерес на двете земји.

„Ние ги разбираме грижите на ЕУ и ја сфативме потребата за трансформирање на Унијата. Силно го подржуваме проектот за Иднината на Европа и даваме силна поддршка за новата Методологија за преговарање. Изразивме подготвеност заедно со државите членки на ЕУ, особено Франција, но и со европските институции да работиме на развивање на концепт кој ќе донесе нов квалитет на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Северна Македонија е подготвена за построг, но пофер надзор и ние на тоа гледаме како предност за нашата трансформација”, истакна Османи.

На маргините на работната посета на Париз, Османи оствари средба и со Марта Де-Сидрак,претседател на групата за соработка меѓу Франција и земјите од Западен Балкан на францускиот Сенат, а имаше одделен состанок и со заменик генералниот директор наФранцуската Агенција за развој, Филип Бодуен.

Работната посета на Париз, на шефот на дипломатијата, Османи е дел од неговата дипломатска турнеја низ земјите членки на Европската унија. Реафирмираната поддршка од страна на Франција како и трите потпишани Договори претставуваат позитивниот исход од оваа посета, со што напредокот на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција добива дополнителен интензитет.

Watch Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu 2nd Season Part 2 Episode 7 at website https://animefreak.ws animefreak my hero academia

Jujutsu Kaisen (TV) (Dub) (https://animeheaven.pro/m/wk4D) Episode 13 at website https://animeheaven.pro watch animes