October 17, 2021 18:54
Македонија

Османи: Вистинска е одлуката на премиерот да се почека експертизата за трагедијата во Тетово

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека треба да се почека да заврши експертизата и потоа да се донесе одлука за депонираните морални оставки по пожарот од 8 септември во тетовската модуларна болница, каде животот го загубија 14 лица.

Османи на денешната прес-конференција истакна дека посмислена, поцелисходна ќе биде одлуката која што ќе се заснова на објективни факти отколку само на политиканство и на повици на опозицијата, бидејќи, како што рече, и да се реализира една оставка којашто е само поради политички притисок и повик на опозицијата, не ја постигнува целта.

– Мислам дека е најсоодветно е да се има има експертизата, да се има моралниот, етичкиот момент, политичкиот и партискиот момент, сите аспекти и да се донесе мериторна одлука. Праведна е одлуката на премиерот кога вели сакам во комплетирањето на оваа прашање да имам објективна експертиза од страна на странски експерти. Според закон, оставките се поднесуваат до премиерот, потоа ако тој ги прифати ги поднесува до Собранието и како мандатат и премиер кој штоја предлага Владата, рече Османи.

Тој истакна дека пожарот во Тетово е тешка трагедија и не смееше да се случи.

– Државата мора да гарантира дека институциите кои сама ги менаџира дека ќе им овозможат на граѓаните кога ќе дојдат во болниците да се лекуваат и да заминат излечени, а не да загинат во болниците. Не смееме да дозволиме површинска анализа и носење брзоплети одлуки за добивање на помалку и повеќе политички поени. Оваа трагедија треба да се искористи за сериозна анализа и на здравствениот систем и на владиниот систем, за да се донесат одлуки кои ќе спречат за ова никогаш повеќе да не се случи. Затоа не навлегувам во политичка анализа на ова прашање бидејќи е преголем и ги надминува политичките и изборните интереси и рамки, смета Османи.

Тој истакна дека одлуката дали ќе се прифатат оставките мора да ја содржи и објективната експертиза, во спротивно таа ќе биде само политикантство.

Најголема штета, според него, што може да ја направиме, покрај трагедијата, е прашањето да се анализира само политички, бидејќи, како што вели, ќе имаме нереална слика, неточни заклучоци и поука за здравствениот систем. Додаде дека здравствениот систем ги надминува границите на партиските интереси, бидејќи, како што рече, таму се лекуваат и позоцијата и опозицијата, и Албанците и Македонците.

AnimeDao: Mobile Suit Gundam Thunderbolt anime episode 4 online free at https://animedao.nl animedao kissanime

Wish Upon the Pleiades Episode 4

Website https://animebee.to: Watch Starship Troopers animebee Episode 6 free anime

Website https://aniwatch.pro: Watch We Without Wings – Under the Innocent Sky aniwatch Episode 12 anime sites

Plimbi: https://www.plimbi.com/author/40965/animeflixnl

Amara: https://amara.org/en/profiles/profile/gogoanimelol