December 8, 2022 22:59
Македонија

Османи – Бала: Одлична билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Албанија

Почетокот на преговорите за членство во Европската унија, како и очекуваното влијание на овој процес врз севкупните прилики во Северна Македонија и Албанија, но и регионот како целина, било во фокусот на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија на Албанија, Таулант Бала.

Во тој контекст, како што соопшти МНР, била потврдена силната посветеност и решителност кои ги поврзуваат Северна Македонија и Албанија во спроведувањето на потребните реформи на патот кон европската интеграција.

-На средбата беше изразено задоволство од одличната билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, вклучително на планот на досегашната парламентарна соработка, се наведува во соопштението од МНР.

Во состав на парламентарната делегација од Албанија се и Етилда Ѓонај, потпретседател на Комисијата за европски интеграции и неколку други пратеници, како и Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.