October 14, 2019 01:10
Хроника

Ослободителна пресуда за Талески, поранешниот градоначалникот на Битола

Ослободителна пресуда за кривичното дело несовесно работење во службата му изрече Основниот суд од Битола на екс- градоначалникот Владимир Талески, потврдија од судот за Апла.мк.

Овој судски процес се водеше по обвинение од Основното јавно обвинителство против Талески дека дури бил градоначалник не водел грижа за зградата на Офицерскиот дом во Битола и лустерот во него, не го обезбедил објектот и не презел се’ со што било потребно за негова заштита, па нанел штета на Општина Битола. Судот за овој процес уште на 14 февруари годинава донел ослободителна пресуда, но од таму посочуваат дека е првостепена и не правосилна.

За другиот судски процес што против Талески се водеше исто така во Онсовниот суд во Битола за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување изречена му е алтернативна мрека, односно условна казна со утврдена казна затвор од една година и рок на проверка од три години. Предудата била донесена во јули година и не е правосилна, велат од судот за Апла.мк. 

Нови вести

(ВИДЕО) Пожар помеѓу Катланово и Петровец

Filip

(Видео) Се сечат дрвјата кај „Инекс-Горица“ во Охрид

Filip

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Filip