April 19, 2019 16:50
Забава

Оскарите оваа година без водител

Американската Академија за филмски науки и уметности го соопшти списокот со 13 глумци и познати личности кои ќе ги прогласуваат добитниците на 91. доделување на Оскарите, кое ќе се одржи на 24 февруари во Долби театарот во Лос Анџелес. Церемонијата за првпат по 30 години ќе нема домаќин.

Меѓу прогласувачите се Тина Феј, Вупи Голдберг, Бри Ларсон, Даниел Крег, Џенифер Лопез, Крис Еванс, Шарлиз Терон, Теса Томпсон и Маја Рудолф.

Свеченоста остана без домаќин откако комичарот Кевин Харт се откажа по реакциите околу неговите хомофобични твитер-објави од пред неколку години. Последните две години церемонијата ја водеше комичарот Џими Кимел.

Најголеми годинешни фаворити се филмовите „Рома” на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон и „Омилената“ во режија на Јоргос Лантимос, кои добија најмногу номинации – по десет.

Според ИМДБ, пак, највисоки оценки кај публиката има „Боемска рапсодија“ – биографскиот филм за Фреди Меркјури.

Нови вести

Повлечени „Бејби лав“ кашички поради претпазливост

Filip

(ВИДЕО) На девојката која вози велосипед и стана жешко, па реши да се соблече

Filip

Куче херој се врати дома со порака на вратот што ги изненади сопствениците

Filip