February 28, 2020 10:32
Спорт

Осака: Благодарам што беше толку скромен и покрај твојата величина

Двократната шампионка на тениските гренд-слем турнири, Наоми Осака му оддаде почит на Коби Брајант кој загина вчера во хеликоптерска несреќа.

– Ти благодарам што беше единствен. Зашто инспирираше толку многу луѓе. Не можеш ниту да замислиш колку срца трогна. Ти благодарам што беше толку скромни и не се фалеше за својата величина.

Ти благодарам што се грижеше за мене по моите тешки порази. Од време на време тој само ми пишуваше: Дали си нормална? Затоа што знаеше што има хаос во мојата глава.

Ти благодарам што имав среќа да те познавам и за се што ме научи.

Благодарам што беше и засекогаш ќе останеш мојот постар брат, моја инспирација. Те сакам! – напиша Осака.

Покрај Коби Брајант, во урантиот хеликоптер кај Калабасас, Калифорнија, кој беше во сопственост на поранешниот НБА кошаркар, животот го загубија уште и неговата 13-годишна ќерка Џиана, како и седум други лица вклучително и пилотот.