June 27, 2022 15:30
Економија

Оризопроизводителите максимално да ја искористат мерката за набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз, јавниот повик е во тек

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и Трајан Димковски, државен советник за рурален развој во министерството, денеска го посетија семејството Маневи од село Чифлик, кое повеќе од 15 години произведува ориз.

Одговорното креирање и донесување на мерките за развој и модернизација на земјоделството, значи да ги слушате предлозите и потребите на земјоделците, барајќи начини и решенија за истите да бидат имплементирани.

Токму по барање на оризопроизводителите, министерството од минатата година преку програмата за рурален развој започна со нова мерка за поддршка при набавка на комбајни за ориз.  На повикот за поддршка при набавка на комбајн за ориз од минатата година, вкупно аплицираа и склучија  договор 25 оризопроизводители.

Во тек е новиот јавен повик преку програмата за рурален развој за 2022 година, мерка 121.5 за поддршка при набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз. Можат да аплицираат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во министертвото. Максималната вредност по корисник е 3.500.000 денари за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици или мобилни сушари за ориз, водени топови и распрскувачи. Јавниот повик ќе трае до 06. јули оваа година. Како критериум за аплицирање на овој јавен повик е барателот да има минумум производствен капацитет од над 1 хектар површина под ориз. Министерот Николовски при посетата упати повик до оризопроизводителите максимално да ја искористат оваа мерка која сериозно го помага производствениот процес.

“Лично денес при посетата на земјоделското семејство Маневи можев да се уверам и да слушнам директно од нив колку оваа мерка им е од помош. Тие се земјоделско семејство кое повеќе од 15 години одгледува ориз и едни од добитниците на комбајн за ориз преку ланскиот јавен повик. Ги повикувам сите заинтересирани оризопроизводители максимално да ја искористат оваа мерка. Нека го слушнат и видат позитивното искуство од своите пријатели кои веќе добиле комбајн и аплицирајте. Оваа мерка дава голема поддршка во оризопроизводството” изјави министерот Николовски.

Во рамки на теренските активности министерот Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски и државниот советник Трајан Димковски, го посетија и Институтот за ориз во Кочани.

Институтот за ориз е дел од Земјоделскиот институт при УКИМ и се занимава со научно истражувачка дејснот посветена на оризот како земјоделска култура. Мерката за набавка на комбајни за ориз како позитивна мерка која го помага процесот на производството беше оценета и од претставниците на Институтот за ориз.

Еден од проблемите кој долго време го мачеше Институот за ориз и неговото дејстување, беше одземеното земјоделско земјиште и недостатокот на кадар. Министерството и Владата во 2020 година успеаја повторно назад и во владение на Институот  да го вратат земјоделското земјиште. Обезбеден е и дополнителен кадар па Инстутутот денес има нови дополнителни три асистенти. Еден од нив е Тоше Јорданов индивидуален оризопроизводител кој минатата година има произведено најголема количина на ориз.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води грижа и дава поддршка за секој земјоделец. Слушајќи ги земјоделците заедно креираме мерки кои даваат резултати и го развиваат македонското земјоделство.

đăng ký go88 Go88 Live - Thiên Đường Cờ Bạc, Nổ Hũ Trực Tuyến go88 ông già noel

sunwin không nạp được tiền