August 2, 2021 19:32
Спорт

Организаторите на ЛОИ забраниле да се појавуваат фотографии на социјалните мрежи кои ги смета за спорни?!

Меѓународниот олимписки комитет и организаторите на Токио 2020 им забраниле на своите вработени што ги одржуваат социјалните мрежи да објавуваат фотографии од спортисти клекнати на колена, пишува Гардијан. Извор на медумот открил дека ваквата насока е доставена од највисоко ниво, особено по фудбалскиот натпревар  меѓу тимовите на женските репрезентации на Велика Британија и Чиле, кој е прв одигран пред официјалниот старт на Олимпијадата.

Како репрезентативките од двата тима се клекнати, во знак на протест против расизмот и омразата на интернет, беше пренесено во живо на телевизија, а истиот гест потоа го направија и фудбалерките на САД и Шведска.

Сепак, ниту една од овие моќни фотографии што испраќаат порака не беше објавена на официјалниот блог „Токио 2020“, или пак на профилите на Фејсбук, Твитер или на Инстаграм, каде има повеќе од половина милион следбеници. Фотографија од овој настан не се прикажа на ниту една социјална мрежа на Меѓународниот олимписки комитет.

Изворот за Гардијан открива дека ставот на МОК е неочекуван, со оглед на фактот што организацијата користела слики на протест – вклучително и Томи Смит и Џон Карлос, кои своевремено кренаа тупаници во знак на протест против нелојалниот третман кон црнците во САД на Олимписките игри во 1968 година.

Одлуката за забрана за фотографии на спортисти на колена е донесена и покрај неодамнешната измена на правилото 50 на МОК, кое претходно им забрануваше на спортистите да вршат какви било „демонстрации на политичка, религиозна или расна основа на Олимписките игри“.

Сега, пак, е дозволен мирен протест на теренот, под услов тоа да се направи без нарушувања на играта и со почит кон колегите натпреварувачи. Сепак, сè уште се можни казни за какви било протести направени на подиумот за медали.

Говорејќи по натпреварот против Чиле, Стеф Хаутон, една од натпреварувачките на Велика Британија, рече дека одлуката за гестот со клекнувањето е поддржана од целиот состав. „Како играчи на Велика Британија земавме решение да застанеме на колено, исто како и на останатите натпреварите, со цел да покажеме поддршка за жртвите на дискриминацијата и нееднаквост“, додаде Хаутон.

Од МОК не одговориле директно на прашањата на Гардијан дали и зошто има ваква забрана за социјалните мрежи,но единствено кажале дека „сигналот се дистрибуира до сите радиодифузери ширум светот кои имаат огромна публика пред ТВ-екраните“.

Website https://animeheaven.pro: Watch Fate/Extra: Last Encore (Dub) animeheaven Episode 10 watch anime free

AnimeTV: Yakeato no, Okashi no Ki anime episode Full online free at https://animetv.cc www2 anime tv

AnimeDao: Link Click anime episode 11 online free at https://animedao.nl re zero animedao

Animeflixnl wordpress: https://animeflixnl.wordpress.com/

Community aodyo: https://community.aodyo.com/user/animefreakws

Mixcloud: https://www.mixcloud.com/animeflixnl/