June 14, 2021 07:12
Свет

Орбан: Отворањето на средните училишта се одложува по барање на професори и ученици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека отворањето на средните училишта е одложено за три недели, за 10 мај, бидејќи тоа го побарале професорите и студентите поради коронавирусот.

Орбан изрази надеж дека до 19 април првата доза на вакцина против коронавирусот ќе ја прими една третина од 10 милиони жители на Унгарија, што ќе овозможи ново олеснување на рестриктивните мерки.

Во средата, Унгарија ги олесни мерките, бидејќи 25 проценти од населението беа вакцинирани, иако лекарите проценуваа дека тоа е предвремена одлука.

Унгарија е членка на Европската Унија која увезе најмногу дози на вакцини по глава на жител, но исто така е прва во светот според стапката на зараза.

Повеќе од 8.000 ученици потпишаа барање за продолжување на наставата преку интернет, со образложение дека животот на наставниците и родителите е загрозен.

Орбан рече дека 70 проценти од населението може да биде вакцинирано до почетокот на јуни, пренесува „Ројтерс“.

AnimeDao animedao online: Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen (https://animedao.nl/m/XWr2) Episode Preview

WCOStream free anime: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 12