July 26, 2021 03:51
Свет

Орбан го брани законот, тврди дека е бранител на правата на хомосексуалците

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го бранеше денеска законот со кој се забранува промовирање на хомосексуалноста и промена на полот во училиштата, тврдејќи за себе си дека е борец за правата на ЛГБТ лицата.

– Јас сум борец за нивните права. Бев борец за слобода во комунистичкиот режим. Хомосексуалноста беше казнувана и се борев за нивна слобода и нивните права. Затоа, јас ги бранам правата на хомосексуалците, но законот не е за тоа, изјави Орбан пред новинарите по доаѓањето на самитот на европските лидери.

На самитот се очекува да се покрене прашањето за законот на Орбан, кој беше критикуван од повеќе европски земји.

– Не станува збор за хомосексуалците. Законот е за тоа на кој начин родителите би сакале сексуално да ги образуваат своите деца. Тој им припаѓа исклучиво на родителите. За тоа станува збор во законот, истакна Орбан, додавајќи дека не планира да го укине.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, при пристигнувањето на самитот изјави дека новиот унгарски закон ќе се дискутира вечерва.

Законот забранува „прикажување и промовирање на родовиот идентитет различен од полот при раѓање, промена на полот и хомосексуалноста” на возраст под 18 години.

Декларацијата, со која се изразува „голема загриженост” поради унгарскиот закон, ја потпишаа 17 од 27-те земји членки на ЕУ.

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD. Watch UFO Princess Valkyrie: Shichiten Battou Hanayome Shuugyou Episode Full

https://animeflix.nl animeflix fairy tail. Watch Beyond Creation Episode Full

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD. Blue Dragon (Dub) Episode 51

KissAnime Seedandspark: https://seedandspark.com/user/kissanime-6