October 26, 2021 00:39
Скопје

Општина Ѓорче Петров одбележува 25 години самостојна локална самоуправа

20 септември е денот кога Општина Ѓорче Петров добива свој идентитет. На денешен ден пред 76 години со Одлуката на Владата на Народна Република Македонија во 1945 година тогашното Ханриево е преименувано во Ѓорче Петров. 52 години подоцна Ѓорче Петров станува и посебна локална самоуправа.

25 години општината, како посебен ентитет испишува историја на самостојност, препознатливост и успешност.

2021 година во историјата на човештвото ќе биде забележана и како година на Корона вирусот, од која научивме една лекција дека најважно е да се чуваме и почитуваме. Токму затоа почитувајќи ги сите здравствени протоколи, општината  ја продолжува оваа традиција со скромно, но не помалку значајно празнување на Денот на општината.

Во реонскиот парк, пред споменикот на револуционерот Ѓорче Петров се одржа свечената церемонија но се оддржа и свечената седница на актуелниот Совет на ОЃП, со која се заокружува мандатот на 23-те советници.

Годишната награда „Ѓорче Петров 2021“ му е доделена на проф. д-р ВАСИЛ ДРВОШАНОВ, истакнат македонски публицист, лингвист, критичар и поет.

Постхумно плакета за заслуги им е доделена на семејствата на ИванчоМитревски-Мајсторот, наш ѓорчевец, еден од најеминентните писатели за деца и на МариоШулајковски, истакнат просветен работник во ООУ ,,ТихомирМилошевски“.

Плакета и признание за демонстрираната храброст при гаснењето на пожари е доделена на Територијалната противпожарна единица -потцентар Ѓорче Петров и на сите нејзини вработени.

Плакета за првенец на генерација за Матеа Митревска.

Благодарници, пофалници и признанија им се доделени и на најдобрите ученици, истакнати просветни работници, медали за најдобите во традиционалниот крос, вработени во општината и пензионирани.

 

 

Website https://animebee.to: Watch The Monster Of Frankenstein animebee Episode Full watch anime online

Hikari to Mizu no Daphne Specials Episode 2

AnimeFLV: Knights on Debris anime episode 14 online free at https://animeflv.uk animeflv

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz

Bitsdujour: https://www.bitsdujour.com/profiles/QhqZ7i

Debate: https://www.debate.org/animeflixnl/