April 21, 2021 01:58
Скопје

Општина „Ѓорче Петров“ го разработува и детално го бразложува ДУП

Деталниот урбанистички план СЗ15 е всушност е разработка на план кој e донесен во 2014 годнина, со отстранување на сите негови недостатоци се вели во соопштението на општина „Ѓорче Петров“. -Главна задача на планот е надминување на проблемите во спроведувањето на постојниот план од 2014 година и зголемување на хуманоста на живеењето во просторот, а не „предвидување на нови згради“ и „нови жители“.

Вкупната бруто развиена површина од СИТЕ градби во опфатот изнесува 138 918 m²;  во оваа површина се вброени сите постојни – вкупно 37 градби, меѓу кои и: постојната поликлиника Ѓорче Петров, постојната полициска станица, постојната противпожарна станица, постојната црква Св. Петар и Павле, постојната пошта, постојниот пазар и трговски центар…

Вкупната максимално можна површина ЗА ДОМУВАЊЕ во рамките на опфатот изнесува 88 308 m², но во таа површина влегуваат и постојните – веќе изградени станбени згради.

Всушност, новиот предлог план планира безмалку идентична вкупна бруто развиена површина за домување на ниво на плански опфат: во постојниот план од 2014 вкупната бруто развиена површина за домување изнесува 88310m², а во новиот предлог план истата изнесува 88308m².

Всушност, од вкупно 20 градби со намена домување, 6 се веќе реализирани и за истите не се предвидува развој; вкупната квадратура од овие веќе изградени згради во опфатот изнесува 30 307 m², од што произлегува дека вкупната нереализирана (условно кажано „новопланирана“) површина за градење изнесува 58001m², распределена во 16 градежни парцели.

Во рамките на целиот плански опфат максимално можниот број на жители изнесува 1359, но во оваа бројка ВЛЕГУВААТ И ПОСТОЈНИТЕ ЖИТЕЛИ. Во рамките на опфатот веќе живеат 467 граѓани. При максимална реализација на планот, вкупниот максимално можен број на нови жители изнесува 892.

Во таа насока и вкупната површина за домување на ниво на целиот плански опфат Е ЗАДРЖАНА, односно со постојниот план од 2014 година вкупната површина е 88 310m², а со овој предлог ДУП е 88 308 m². Следствено и планираниот број на жители е идентичен.

Измените се во реорганизација на нереализираните градежни парцели и намалување на површините за градење во основа. Со решението се зголемени растојанијата помеѓу планираните градби и зголемени се јавните површини. Планирана е една нова улица, а задежана е и постојната пешачка врска кај маркетот Сељис – која во постојниот план од 2014 година беше испланирана под станбена зграда.

Зголемени се површините под јавно зеленило и зголемен е задолжителниот минимален процент на оззеленотост на градежните парцели од претходните 5% на 20%. Само со оваа планска одредба автоматски се планирани 8560m² повеќе зеленило од претходно планираното. Дури и кога во анализата би се ограничиле единствено на нереализираните градби со намена домување: при нивна реализација сега инвеститорите ќе бидат задолжени да изведат вкупно 2967m² површини под зеленило!

Овој план е донесен во транспарнета и јавна постапка на кој претходеа 2 јавни анкети а обезбедени се позитивни мислења и согласности од сите релевантни институции, вклучувајќи ги Град Скопје и Министерството за транспорт и врски.

AniWatch anime sites: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 8 (https://aniwatch.pro/m/GaAP/ep-8)

KissAnime kissanime jojo: Watch Fairy Tail Episode 144 (https://kissanimeonline.com/m/9Gd/ep-144)