December 2, 2022 10:01
Скопје

Општина Чаир денеска започна со отстранување на хаварисаните возила од јавните површини

Општина Чаир во соработка со Јавното општинско претпријатие “Шкупи Вјетер“ денеска започна со отстранување на хаварисаните, оштетени и напуштени возила, приколки и слично од јавните површини на територија на Општина Чаир согласно одредбите од усвоениот Правилник за регулирање на ова прашање.

Претходно беа залепени писмени предупредувања на вкупно идентификувани 75 хаварисани возила и со тоа беше даден рок од 8 дена за нивно отстранување од страна на самите сопственици. По истекот на рокот од 8 дена од страна на општинските инспектори и службите на ЈОП “Шкупи Вјетер“ е направен увид и констатирано е дека 54 возила се веќе отстранети од самите сопственици.

А со акцијата која започна денеска, ќе се отстранат останатите 21 хаварисани возила кои ќе им подлежат на понатамошните процедури согласно Правилникот каде како последен чекор по истекот на 30 дена непријавување од страна на сопственикот на возилото е уништувањето на истото на посебна локација.

Им се заблагодаруваме и на граѓаните кои по поставувањето на предупредувањата од наша страна, сами ги отстранија хаварисаните возила.