November 30, 2020 12:23
Општини

Општина Куманово објави оглас за партерно уредување, замена на фасадна столариија и централно греење за средното училиште „Наце Буѓони”

 Општина Куманово објави јавен повик за партерно уредување на дворот на кумановското средно стручно училиште „Наце Буѓони”, за поставување на греење во работилницата, за замена на фасадна столарија на училиштето, информираа денеска од одделението за јавни набавки. Надлежните од училиштето, велат дека проектите се изработени и ги очекуваат најповолните изведувачи за да се санира дворот, да се постави греење и да се замени столаријата во училиштето.

– За партерното уредување кое предвидува поставување на бекатон, асфалтно поврзување со улицата „Бајрам Шабани” предвидено е 3.393.541 денари, за замена на фасадната столарија 2,283.916 и за парно греење на работилницата. 2,233.686 денари, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски.

Тој појаснува дека дворот зафаќа огромна површина во чија близина се повеќе спортски терени. По изборот на компаниите, поминување на сите постапки се очекува да се постави централно греење односно инсталација, а наредната година најави Јаневски кон гас ќе се приклучат и работилницата каде се изведува практична настава и новата спортска сала каде веќе има систем за греење.

Училишната зграда е стара повеќе од шест децении, а во ова стручно училиште настава следат околу 2000 ученици на македонски и албански наставен јазик.