August 10, 2020 23:17
Скопје

Општина Кисела Вода: Честит Курбан Бајрам

Општина Кисела Вода со огромно задоволство Ви го честита Курбан Бајрам. На овој голем ден, Ви посакуваме многу здравје, постојано да Ве следи среќа и да имате безброј позитивни мигови.
Заедно да продолжиме да ја исполнуваме целта на празникот Курбан Бајрам, да бидеме хумани, секојдневно да бидеме солидарни, да му излегуваме во пресрет на секој, да им помагаме на сиромашните и немоќните.
Празникот исто како и останатите празници, да продолжи да не зближува и запознава без разлика на верската и етничката припадност.

Имајте убави празнични денови исполнети со радост.