September 19, 2019 04:00
Скопје

Општина Кисела Вода фрли два тони сол по првиот снег

Општина Кисела Вода веднаш по првите снежни врнежи на повисоките населни места на улиците и тротоарите кои се под нејзина надлежност синоќа фрли околу два тони сол.

Локалната самоуправа со цел да овозможи непречено движење и одвивање на сообраќајот во зимски услови по претходно спроведена јавна набавка изврши надоградување на сопствените два трактори кои служат за косење на тревни површини со плугови и дувалки за снег. Со истите ќе се чисти снегот на тесните улици, патеки и тротоари. Додека Општината на сите основни училишта, градинки, месни и урбани заедници им подели 300 вреќи со сол.

За успешно справување со претстојните снежни врнежи ангажирана е фирмата „Анизор” која на терен ќе интервенира со 4 специјални возила од кои две се за широки и две за тесни улици.

Општина Кисела Вода на учесниците во сообраќајот им препорачува да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Во исто време Општината апелира до сите граѓани и правни субејкти кога ќе падне снег да ги почитуваат законските обврски, да извршат расчистување на снегот и мразот пред пристапите на нивните деловни и станбени објекти.

Нови вести

Утре велофиеста на „Рекорд“

Igor

Ќе се уредува речното корито на Лепенец

Igor

Ново партерно уредување во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев”

Igor