Скопје

Општина Кисела Вода со Волонтерски центар-Скопје и ХОПС спроведе голема еко акција

Општина Кисела Вода се приклучи на иницијативата на Волонтерскиот центар – Скопје за заедничко расчистување на сметот на ул. „Емил Зола” во УЗ „Цветан Димов”.

За успешно спроведување на акцијата за чистење беа вклучени членови на Волонтерски центар – Скопје, сезонски работници на локалната самоуправа, како и дел од вработените во Одделението за животна средина и Секторот за месна самоуправа, за односи со институциите на централната власт и со опшествените организации.  Во овие активности беше вклучен и еден камион на Општината.

Покрај оваа акција, денеска Општина Кисела Вода во соработка со невладината организација ХОПС по добиена пријава од граѓани спроведе работни активности за расчистување на медицински отпад (шприцови, игли и др.) во УЗ „Расадник”.

Граѓаните во иднина доколку детектираат медицински отпад одложен на јавни површини, потребно е да пријават кај лицата задолжени за расчистување на истиот во невладината организација ХОПС – опција за здрав живот на телефонски број: 075 769 948.

Општина Кисела Вода повторно апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота. Општината како досега така и во иднина останува отворена за соработка со граѓаните, граѓанските организации и сл.

Нови вести

Пријавени се две фирми кои фрлале шут во Бардовци

Valentina

Шестиот скопски цветен фестивал го збогатија  деца од Кисела Вода

Valentina

Општина Аеродром: Асфалтирани улици во Горно Лисиче и Мичурин

Daniela