June 19, 2019 05:19
Скопје

Општина Кисела Вода додели по 6.000 денари за новороденчиња

Општина Кисела Вода денеска додели нови 31 ваучер за новороденчиња, од кои 18 за момчиња и 13 за девојчиња. Ваучерите на младите родители им ги подели шефот на кабинетот на градоначалникот, Горан Петковски.

Локалната самоуправа, помошта во висина од 6000 денари на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија им ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби.

За добивање на парична помош,  семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата се поднесуваат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето.

Нови вести

Oпштина Кисела Вода со подршка за решавање на проблемот со центарот со зависници

Filip

Продолжува одличната соработка на Општина Чаир и ЈП “Паркови и зеленило”: Нови инвестиции за позелен Чаир

Igor

Општина Гази Баба: Просторот околу јамата во Хиподром е обезбеден со заштитна ограда

zane