Search

Општина Кисела Вода во селото Драчево врши реконструкција на крак од улицата „Негоричанска“

Општина Кисела Вода во селото Драчево, во должина од 350 метри и ширина од 4 до 5 метри, врши реконструкција на крак од улицата „Негоричанска”.

Претходно, Општината на средината на овој месец, во должина од 400 метри и ширина од 4 до 5 метри, изврши реконструкција на главната улица „Негоричанска”.

Со овие зафати, на жителите им е овозможено непречено, безбедно да се движат и сообраќаат по улицата.

Општината уште еднаш покажа дека подеднакво инвестира и во руралните и во урбаните населени места.

Треба да знаете
Последни објави