June 26, 2022 06:21
Скопје

Општина Карпош засади нови листопадни дрвја во Тафталиџе

Во рамки на есенската акција, Општина Карпош засади нови, 22 висококвалитетни листопадни дрвја, во населбата Тафталиџе, долж улицата „Московска“, пред станбените згради. Локалната самоуправа ја презема оваа иницијатива со цел, рамномерно да го зголеми зеленилото, во сите урбани заедници.

Во изминатиот период се подигна и ново зеленило околу ТЦ „Лептокарија“, при што беа засадени 400 украсни растенија, а со акцијата беа опфатени и Нерези, Криви Дол и Влае 2.

Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за надоместување на изгубеното зеленило и заштита на животната средина.