October 6, 2022 13:06
Скопје

Општина Илинден постави заштитна ограда на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци

Општина Илинден продолжува со имплементација на активностите со цел поголема безбедност во сообраќајот, особено на критичните точки кои претставуваа опасност за учесниците во сообраќајот.

Денеска на мостот на локалниот пат Кадино-Миладиновци извршено е поставување на заштитна ограда од двете страни, со вкупна должина од 50 метри. Дополнително, поставена е флуоресцентна патна сигнализација долж целиот потег, како и флуоресцентна лента по должината на мостот.

Увид на градежните активности изврши градоначлникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека обезбедувањето на заштита на критичните точки на територија на општината, е еден од важните приоритети во работењето на локалната самоуправа, затоа и во наредниот период фокусот ќе биде на решавањето на останатите критични точки, со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.
Општина Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.