September 24, 2021 08:41
Скопје

Општина Бутел отпочнува со домашна нега и помош за стари лица

Благодарение на МТСП и подршката од Светска Банка, Општина Бутел и Општина Чучер Сандево, во соработка со Организацијата АДРА, преку реализација на Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво, на своите жители кои се стари лица над 65 години и кои го остваруваат правото, во иднина ќе им овозможи да во местото на своето живеење добијат потребна помош од лиценцирани негователи на стари лица.
Хуманитарната организација АДРА, Скопје, со стекнување на оваа лиценца, ќе биде овластен и лиценциран давател на социјални услуги за помош и нега на стари лица на подрачјето на општините Бутел и Чучер Сандево. Ова значи дека АДРА, Скопје, ги исполнува сите технички услови, односно располага со соодветна опрема за теренска испорака на социјалната услуга во домовите на старите лица кои имаат потреба од помош и нега. За таа цел се ангажирани и лиценцирани 25 Негователи на стари лица, кои професионално и стручно ќе одговорат на барањето за нега и помош на околу 60 стари лица кои имаат потреба од оваа социјална услуга.
Социјалната услуга е директно наменета за стари и изнемоштени лица над 65 години, односно, старо лице кое живее во својот дом на подрачје на општините Бутел и Чучер Сандево, а кое има потреба за помош и поддршка при извршување на основните секојдневни потреби, кои не може самото да ги изврши заради болест, изнемоштеност и слично, за разлика од порано, денеска тоа старо лице ќе има во својот дом Неговател кој ќе му помага да живее самостојно.
Обезбедувањето на помош и нега во домашни услови за старите лица,на подрачјето на Општина Бутел, исто така ќе го намали притисокот и врз останатите членови на семејството, бидејќи голем дел од нив балансираат со полно работно време и родителство, а истовремено со работата ги извршуваат и обврските за грижа и помош на своите изнемоштени родители, баби и дедовци и сл.
Едноставно објаснување на главната инспирација за воведување на оваа социјална услуга во Општина Бутел, а која ќе биде достапна во самите домови во кои живеат старите лица е да ги охрабриме и да им помогнеме тие  да живеат самостојно во домашни услови, колку што е можно подолго, бидејќи сите од сопствено искуство знаеме дека секое старо лице се чувствува најсигурно само во својот дом во близина на неговото семејството.
Бидејќи оваа социјална услуга е новитет и истата за првпат се воведува на подрачјето на двете општини, би сакал да ги информирам сите граѓани дека Организацијата АДРА, општините Бутел и Чучер Сандево како и подрачните Центри за социјални работи надлежни за двете општини, во наредниот период ќе бидат достапни за сите граѓани кои сакаат дополнително да се информираат за оваа социјална услуга, а особена помош и поддршка е предвидена за самите стари лица при остварување на правото за користење на услугата помош и нега во домот.

Ellcia (Dub) Episode 4

Watch anime online for free at AnimeFreak animefreak avatar

Watch Wake Up, Girls! ZOO Episode 10

Slayers Evolution-R (Dub) Episode 13

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/kissanimemx

Scoop: https://www.scoop.it/u/gogoanimelol