October 22, 2020 18:46
Скопје

Општина Бутел инвестира 11 милиони денари во втората фаза од реконструкцијата патот Бутел- Љуботен

Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во придружба на градоначалникот Велимир Смилевски беа во во посета на с.Љуботен. Направија увид на градежните активности од втората фаза од реконструкцијата на патот Бутел – с. Љуботен.
-Општина Бутел инвестира 11 милиони денари во втората фаза од реконструкцијата, а со тоа покажуваме дека патот ни е од исклучителна важност за развој на овој регион од општината. Со реконструкцијата и проширување на патот ќе се покрие движењето на  жителите на с. Љуботен,с. Љуботенски пат, с.  Љубанци , населбата на Хот-Хот и  атрактивниот реон над  Љуботен – Башинец за кое во моментов има заинтересирани инвеститори како од земјата така и од странство. Во регионот гравитираа население кое се бави со земјоделство. Овој пат ќе им обезбеди побезбеден транспорт со механизација и побрз пласман на производит, велат од општината.
Во Општина Бутел, интензивно се работи  на локалната инфраструктура. Во изминатиов период се пушти модерниот булевар Христијан Тодоровски Карпош, реконструирана е  ул. “Александар Урдаревски” од кружен тек со ул.”Боца Иванова” до ул.”Бутелска”.
Во завршна  фаза е и новопртоектираниот  Булевар  Босна И херцеговина кој ќе го поврзе булеварот Христијан Тодоровски Карпош со булеварот Словенија.
Пред една недела заврши и реконструкцијата на улица Бова Иванова од кружниот тек до улицата Лазо Трпковски.
Во континуитет се работи  на серија активности  за изградба и реконструкции  на локални улици предвидени во прогарамата за активности на Општина Бутел за 2020/21 година.