September 24, 2021 02:58
Македонија Скопје

Општина Бутел во изминативе четири години покажа дека успесите се достижни

Една од скопските општини која може да се пофали дека за четири години успесите се достижни е општина Бутел. Имено, после 25 години стагнирање и напластените проблеми од претходната локална власт, покажавме дека со заеднички сили, Владата и градската власт, и пред сè граѓаните, знаат како, и знаат да имаат успех.

Со многу проекти покажавме дека општината се урбанизира и се разубавува, од секоја сфера на општественото живеење, а кое беше во рамките на општинскиот буџет.
Во изминатите четири години бевме исправени пред многу предизвици за модернизација на општината. Амбициозно и посветено ги релизиравме ветените проекти во сите области, а посложените веќе се во попстапка на отпочнување.

Општина Бутел има економски раст како никогаш досега. Голем број успешни и познати компании инвестираа во објекти и комплекси во нашата општина. Новите инвестиции се должат на подобрување на бизнис климата преку решавање на инфарструктурните проблеми и имплементирање на нови и подобрени решенија како што е изградбата на водоводот и канализацијата во индустриската зона Визбегово, кој беше еден од децениските проблеми на стопанствениците и огромна пречка за нови инвестиции. Периодот зад нас реализирани се бројни капитални инвестиции со што го изменија ликот на општината.

Имено, реализирани се капитални инвестиции во реконструкции и санации на сите седум основните училишта и во сите детските градинки на територија на општина Бутел. Реконструирани се повеќе од 40 сервисни улици, изградени се 15 пешачи патеки и повеќе паркинг простори. Завршена е реконструкцијата и проширување на патот од Бутел до село Љуботен со должина од 6 км во вредност од 13 милиони денари средства финансирани од буџетот на општина Бутел. Покрај бројните реализирани проекти огрмна поддршка за развојот на Бутел добивме и од градската власт.

Имено пуштен во употреба е модерниот булевар Христијан Тодоровски- Карпош и булеварот Босна и Херцеговина кој се поврзува со булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Во меѓувреме изградена е атмосферска канализација и реконструирана главната артерија на Бутел од ул. Боца Иванова до ул. Бутелска.

Со овие огромни капитални инестиции Бутел стана модерна општина со современи булевари, реновирани училишта, нови паркови и пешачки патеки.
Знаеме дека има уште многу да се сработи, но работите дефинитивно се придвижија и ние ќе го вложиме максимумот за да овозможиме најдоброто за нашата општина.

AnimeKisa: High School DxD New (Dub) anime episode 12 online free at https://animekisa.in watch anime free

AniWatch Watch anime online, English anime online HD

Spice and Wolf (Dub) (https://animefreak.ws/m/Xzl2) Episode 13

One Punch Man 2nd Season Specials (https://animedao.nl/m/kqw1) Episode 6

Bbpress: https://bbpress.org/forums/profile/gogoanimebe/

Forum acronis: https://forum.acronis.com/user/359867