June 14, 2021 06:51
Скопје

Општина Аеродром усвои тригодишна развојна програма

Советот на Општина Аеродром на последната седница ја усвои тригодишната развојна програма со која се предвидени и обезбедени средства, а исто така и е утврдена и динамиката за изградба на административната зграда на општината.

Согласно со предвидениот план, во најкус можен рок ќе биде објавена јавна набавка за изработка на главен проект за административната зграда, а веднаш потоа ќе следува избор на изведувач на самата градба.

-Со изградбата на управната зграда заштедуваме средства од буџетот кои досега беа наменети за висока месечна кирија, а аеродромци ќе добијат пристојни услови каде што ќе можат да ги добијат сите граѓански услуги. Реализираме уште еден капитален проект од интерес на сите граѓани“, изјави градоначалникот Марин.

За почетните активности во врска со изведбата до крајот на оваа година веќе се испланирани 15 милиони денари, а другите средства за изградба ќе бидат предвидени со буџетите во 2022 и 2023 година подеднакво. Општина Аеродром реализира уште еден од капиталните проекти ветени во изборната програма на градоначалникот Златко Марин.

KissAnime anime stream: Watch Bleach Episode 191 (https://kissanimeonline.com/m/n97/ep-191)

AnimeDao classroom of the elite animedao: Dragon Ball (Dub) Episode 153