Скопје

Општина Аердром ја одбележува 148 годишнината од раѓањето на Јане Сандански

Општина Аеродром денеска ја одбележува 148-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански. По тој повод, делегација на Општина Аеродром, предводена од градоначалникот Златко Марин, положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“.

На одбележувањето присуствуваа и претставници од Советот на Општината, од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“.