September 29, 2020 02:30
Македонија

Опцијата за 4 смени со 20 минути час ќе биде главен елемент за ширење на вирусот

Универзитетскиот професор, Башким Зибери за ТВ21 изјави дека сега е веќе доцна МОН да организира успешна учебна година, откако на 20 дена до првиот училиштен ден се уште нема одлука на кој начин ќе се одвива наставата.

-Дефинитивно од моја гледна точка многу доцниме, од многу аспекти реално. Не само од аспект на организација на наставниот процес во основните училишта, средните и универзитетите, туку и за претходна подготовка за успешна школска година, рече Зибери и додаде дека нема можност наставниот план и другите процеси да се прилагодат за три недели.

Тој смета дека опцијата за настава во повеќе смени не може да се изведе во училишта со две смени и паралелки со по 30 ученици.

-Многу лесно општина Аеродром може да организира настава во смени, бидејќи имаат една смена. А во албанските зони во Скопје, Тетово, каде голем дел речиси сите основни училишта како и средни имаат две смени, тешко е сега да ги организираш повторно во смени. Бидејќи со едно училиште кое има две смени со по 30 уленици во паралелка, треба да се организираат 4 смени во денот, со 20 минутен час, само сериска ротација на учениците. Тоа нема да биде воопшто ефикасно, ќе биде главен елемент за ширење на вирусот, верувајте, смета Зибери.

Инаку, денеска беше последен рок за усвојување на протоколите за училиштата, меѓутоа од Министерството за здравство информираа дека протоколите од Комисијата за заразни болести ќе се дефинираат утре.