November 14, 2019 13:27
Македонија

Опомени за земјоделците од Пијанец кои не го платиле закупот на државно земјиште

 Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Делчево од утре, започнува со доставување опомени, за оние земјоделци, кои се уште не го платиле закупот за земјоделско земјиште.
Илија Каранфиловски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, информира дека сите земјоделци, кои имат склучено договор за закуп на државно земјоделско земјиште за изминатата година, согласно член 19, став 1, од Законот за земјоделско земјиште, имаат рок тоа да го сторат до 31 декември во тековната година.
-Овие опомени најмногу се однесуваат за земјоделците и земјоделските стопанства кои за договорите од претходната година имаа обврска да го подмират долгот до месец јули годинава. За постарите договори, рокот за плаќање на закупот е 31 декември 2019 година. Покрај одредбата за пресметка на законски казнена камата, доколку не се подмири долгот во предвидениот рок за плаќање на закупот и по добивање на опомената за плаќање, со измените како крајна мерка, се предвидува и раскинување на договорот, соопшти Каранфиловски.
Меѓу останатите обврски, кои земјоделците и земјоделските стопанства од Делчевско ги имаат до крајот на годината, како што дополни Каранфиловски, е и ажурирањето на податоците во новиот регистар.
-Бидејки имаме нов регистар, ќе треба да се ажурираат податоците, па затоа земјоделците и земјоделските стопанства ќе треба да ја посетат канцеларијата на нашата подрачна единица во Делчево. Ова најверојатно ќе биде услов за поднесување на барање за субвенции за 2020 години, поради што ажурирањето ќе биде неопходно, додаде Каранфиловски.
Во делчевскиот и каменичкиот регион кои се под надлежност на Подрачната единица на МЗШВ, има 3.500 регистри, од кои 3.200 се активни земјоделски стопанства, на кои примарна дејност им е земјоделството.

Нови вести

Мицковски: Промената на името не беше услов за членство во НАТО

Valentina

Арсовски: Заев и СДСМ  им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата

Valentina

Стоилковски: Oва е црна недела за новинарите и за медиумите во Македонија

Valentina