October 28, 2020 03:58
Балкан

Опозициската СДП во Хрватска избира претседател на партијата

Социјалдемократската партија (СДП), највлијателната хрватска опозициска партија, утре го избира својот четврти претседател, откако Давор Бернардиќ поднесе оставка по поразот на парламентарните избори во јули. За нов лидер ќе гласаат околу 12.000 членови со право на глас, од вкупно над 32.000 членови на партијата. Според правилата на партиските избори, можат да гласаат само членовите кои платиле членарина.

Кандидати за нов претседател на СДП се: пратеничката и началничка на Омишаљ, Мирела Ахметовиќ, пратеник и потпретседател на СДП, Пеџа Грбин, жупанот на Крапина-Загорје, Жељко Колар, членот на СДП од Пула Марино Перцан и претседател на СДП на округот Сплит-Далмација, Ранко Остојиќ.

Хина ги пренесува очекувањата на познавачите дека ниту еден од кандидатите нема да добие повеќе од 50 отсто гласови во првиот круг, туку веројатно за седум дена ќе се оди во втор круг.