December 7, 2022 21:11
Свет

ОПЕК го намалува производството на нафта

Групата земји извознички на нафта ОПЕК Плус, во која спаѓа и Русија,  одлучи да го намали производството на нафта и на тој начин да влијае на растот на цените, потег што може да нанесе нов удар на глобалната економија и да ги зголеми цените на горивата на пумпите ширум светот.

Министрите за енергетика на земјите производители на нафта синоќа се договорија да го намалат производството за два милиони барели дневно почнувајќи од ноември, што е повеќе од очекуваното. Членовите на картелот се сретнаа во нивното седиште во Виена за првпат во живо од избувнувањето на пандемијата Ковид-19 во 2020 година.

„ОПЕК плус” објави дека одлуката е заснована на „неизвесноста околу предвидувањата на глобалната економија и на нафтениот пазар”.