August 13, 2022 18:01
Балкан

Опасна медуза се појави во Јадранското Море

Во Јадранското Море се појави нов вид медуза, велат од Центарот за истражување на морето во Ровињ.

На северот на Јадранот се појавила таканаречената компас медуза, која е квалификувана како Chrysaora hysoscella.

Од Центарот наведуваат дека овој вид медуза живее во Атлантскиот Океан и во Медитеранското Море, а се карактеризира со жолто-кафеав меур, кој потсетува на компас.

Оваа медуза може да порасне до 30 сантиметри во пречник, а пипалата ѝ се долги и до 1 метар.