Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го имануваше словачкиот дипломат Јан Кубиш за нов пратеник на ОН во Либија, соопшти денеска портпаролот на светската организација, Стефан Ѓујарик, пренесе ДПА.
Советот за безбедност на ОН во петокот ја одобри номинацијата на Кубиш.
Новата функцијата на специјален пратеник за Либија Кубиш треба да ја преземе во февруари од Гасан Саламе, кој поднесе оставка во март минатата година поради здравствени причини. Американката Стефани Вилијамс во меѓувреме ја извршуваше оваа функција.
Гутереш наиде на потешкотии во пополнувањето на оваа високо рангирана позиција, бидејќи преферираниот кандидат, Николај Младенов, изненадувачки се повлече непосредно пред номинацијата, појасни германската агенција.
Кубиш има повеќедецениско искуство во кризните региони. Неговото претходно искуство беше како претставник на ОН во Ирак и Авганистан. Тој, исто така, бил и министер за надворешни работи на Словачка, пренесе ДПА.