January 21, 2022 14:11
Свет

ОН предупредуваат на колапс на авганистанскиот банкарски систем

Обединетите нации предупредуваат на тешки последици од евентуален колапс на авганистанскиот банкарски систем.

– Економската цена од колапсот на банкарскиот систем, со неговите придружни негативни социјални последици, би била огромна, се наведува во денеска објавениот извештајот на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Колку подолго е потребно за обновување на финансискиот и банкарскиот систем, толку подолг ќе биде периодот на опоравување поради последователниот недостаток на доверба од гледна точка на меѓународните пазари.

– Оваа ерозија е тешко да се поправи и може да трае со децении, се посочува во извештајот.

ОН соопштија дека заштитата на барем дел од комерцијалниот банкарски систем е исто така клучна за продолжување на хуманитарните и другите основни хуманитарни програми.

Откако талибанците на 15 август ја презедоа власта во Авганистан, државите ја прекинаа помошта и фондовите за развој на земјата, а резервите од над девет милијарди долари на Авганистанската централна банка беа замрзнати. Исто така нема редовни испораки во долари во земјата, што доведе до криза со ликвидност, а граѓаните можат да повлечат само мали суми пари.

Според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд, авганистанската економија би можела да се намали до 30 отсто во периодот од 2021 до 2022 година.

– Покрај колапсот на економијата, проблемите во банкарскиот систем би можеле дополнително да ја намалат веројатноста за опстанок на малите и средни компании, кои се клучни за населението, се истакнува во извештајот на УНДП.

https://animeflix1.com/. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

animeflix Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

anime websites TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

ANIMEFLIX Tokyo Revengers Episode 22 - Uncen

Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

sites to watch anime JUJUTSU KAISEN