November 30, 2021 10:22
Свет

ОН: Исклучувањето на жените од мировни преговори носи ризик од повеќе судири

Зголемените воени трошоци и екстремната маргинализација и исклучување на жените од мировните преговори доведуваат до ризик за обнова на конфликтот наместо промовирање мир и стабилност, предупреди Сима Бахус, директорка на Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените.

Таа синоќа пред Советот за безбедност на ОН рече дека ограничувањето на воените трошоци е стратешка цел на женското мировно движење со децении, но дека дури и во 2020 година, кога пандемијата на Ковид-19 беснееше и светската економија се намали, воените трошоци низ целиот свет се зголеми за 2,6 отсто на речиси 2.000 милијарди долари.

– Доказите јасно покажуваат дека високите нивоа на воени трошоци во постконфликтно опкружување го зголемуваат ризикот од продолжување на конфликт. Тоа исто така покажува дека вложување во родова рамноправност има висок поврат со „мировна дивиденда” а сепак ние протолжуваме да трошиме пари и премалку да вложуваме во други, додаде Бахус.

Таа рече дека резолуцијата усвоена од Советот за безбедност пред 21 година, а која бара еднакво учество на жените во мировните процеси, е само „симболична светлина”.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш исто така, го критикуваше отсуството на жени во просториите за донесување одлуки и рече дека повеќе не можеме да исклучиме половина од човештвото од меѓународниот мир и безбедност.

AnimeTV: 5-tou ni Naritai. anime episode Full online free at https://animetv.cc anime websites

https://twistmoe.net anime streaming

https://animepahe.cc free anime online

AnimeDao: How to Eat Life anime episode Full online free at https://animedao.nl anime

Website https://kissanime.mx: Watch Granblue Fantasy: The Animation kissanime Episode 13 animes online