September 19, 2019 13:04
Свет

ОН: Да не се политизира хуманитарната помош за Венецуела

Обединети нации синоќа предупредија да не се политизира хуманитарната помош за Венецуела откако САД испратија храна и лекови. Но, Каракас ја блокира помошта на границата со Колумбија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на Твитер напиша дека Николас Мадуро „ја блокира помошта со камиони и бродски контејнери”.

– Народот на Венецуела има очајничка потреба од хуманитарна помош. САД и другите земји се обидуваат да помогнат, но венецуелската војска по наредба на Мадуро ја блокира помошта со камиони и бродски контејнери, наведе Помпео.

Камионите со хуманитарна помош пристигнаа на колумбиско-венецуелската граница на барање на привремениот претседател на Венецуела, Хуан Гуидо.

Портпаролот на ОН, Стефан Дежарик наведе дека хуманитарната помош мора да биде „независна од политичките, воените и другите влијанија”.

– Кога ја гледаме моменталната пат позиција, станува јасно дека се потребни политички преговори помеѓу двете страни за да се изнајде решение за траен мир, наведе Дежарик.
Владата на Мадуро тврди дека во Венецуела нема хуманитарна криза, а за економските проблеми дека се виновни санкциите.

Гуаидо минатиот месец преку писмо побара од генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш хуманитарна помош. Но, таа не можеше да биде испратена без дозвола од Мадуро или со одлука на Советот за безбедност на ОН. САД би можеле да бараат дозвола од СБ за да достават хуманитарна помош, но најверојатно Русија би ставила вето на тоа.

Мадуро во понеделникот изјави дека Венецуелците „не се питачи” и оти нема да дозволи неговата земја да биде посрамотена.

Нови вести

Трамп: САД можат да влезат во која било земја само со еден телефонски повик

Valentina

Џон Болтон: Обидите на Трамп за преговaрање се осудени на пропаст

zane

Американски генерал: Предноста на НАТО во однос на Русија се истопи

zane