September 25, 2021 05:28
Македонија

Она што го имаме денес, 17 ратификации за НАТО, најпозитивен извештај на ЕК, до пред две години беше незамисливо

Вечерва министерот за надворешни работи, Никола Димитров, заедно со заменикот на претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи гостуваа во емисијата „Патот кон”, во рамките на серијата јавни настапи „Две години Влада – Одговорно пред граѓаните“.

Во рамки на дискусијата поврзана со денешната работна посета на Берлин, министерот Димитров изјави: „Целиот контекст ја прави ситуацијата комплексна. Но она што ме храбри е тоа што имаме сојузник во канцеларката Меркел. Ние денеска од состанокот во Берлин излеговме охрабрени.”

Министерот зборуваше и за нашите обврски во следниот период.

„Имаме работа се додека не добиеме датум за преговори. Поточно имаме една незавршена обврска – тоа е решавање на статусот на СЈО. Во овој процес опозицијата има улога исто така”, истакна Димитров.

Понатаму, заменикот на претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска во продолжение истакна: „Владата покажа дека не толерира да се кријат податоци кои им се потребни на јавноста и медиумите да ја вршат својата работа. Затоа имаме активна транспарентност која во минатото беше мислена именка. Антикорупциската комисија работи слободно и отвара предмети за разлика од порано. Ние и на дело докажавме дека веруваме во силни институции кои нема да зависат од нашиот телефон.”

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи истакна: „За нашата работа изминативе две години најдобро говори Извештајот на Европската Комисија кој претставува најмериторно, најобјективно, и може да се посочи и како најстручно тело за да даде оценка за нашата работа“, посочувајќи дека според објективните критериуми Европската комисија и даде повисока оценка на земјава и од Србија, и од Црна Гора кои веќе преговараат за членство со Унијата.

 

 

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

AnimeKisa Watch anime online, English anime online HD

HenSemi (https://4anime.biz/m/zB0O) Episode 2

AnimeFLV: Tongari Boushi no Memole: Marielle no Housekibako anime episode Full online free at https://animeflv.uk watch anime

Gamevn: http://gamevn.com/members/animefreakws.1765907/

Facer: https://www.facer.io/u/animefreakws