December 3, 2020 15:52
Македонија

ОМ: Во нашите гени имаме храброст и одлучност!

Со основањето на Македонската револуционерна организација, започна борбата за слобода на македонскиот народ.

Генерации и генерации херои, без разлика на вера, националност и пол, се вклучија во борбата за слобода и човечки правдини.

Години на борби и страдања го донесоа тоа што ние денес го имаме: слободна и независна Македонија.

Нека на овој ден, се потсетиме на јунаците кои не го штедеа својот живот, а идеалите им беа пред сѐ и над сѐ.

Секоја генерација си има своја борба. Сегашните генерации имаат задача да ја продолжат македонската борба, да осигураат подобра иднина за следните генерации кои доаѓаат после нас.

Ниту еден пат не е лесен, но никој никогаш не се откажал, затоа што во нашите гени имаме храброст и одлучност да гледаме напред, кон иднината. Тоа се должи на години и години борба и се гордееме со тоа.

Нека ни е честит 23 Октомври! За многу години!