Македонија

ОМД ја поздрави ратификацијата на протоколот за членство во НАТО во американскиот Сенат

Обединетата Македонска Диајспора (ОМД), ја поздравува ратификацијата на НАТО протоколите за македонско членство од страна на американскиот Сенат.

„Македонија требаше да стане полноправна членка на НАТО уште на самитот во Букурешт во 2008, но грчкото вето и грчките барања за промена на македноскиот идентитет и име се покажаа како непремостлива пречка. Иако Меѓународниот Суд на Правдата во 2011 донесе одлука дека Грција незаконски ја попречува интеграцијата на Македонија, грчката влада продолжи со барањата за промена на македонското име како предуслов за членство. Македонското раководство предводено од Зоран Заев , како замена за членство во НАТО, го потпиша неуставниот Преспански договор, со што темелно ги загрози македонските национални интереси. ОМД го критикуваше целиот процес на потпишување на Преспанскиот договор, и останува силно спротиставена на овој незаконски акт“, се наведува во соопштението.

ОМД ги повикува Франција, Холандија и Шпанија да го следат примерот на САД, и да го ратификуваат протоколот за членство на Македонија во НАТО. По ратификацијата во сите парламенти, велат од таму, Македонија конечно ќе го заврши овој историски процес, и ќе може да стане 30-та полноправна членка и НАТО сојузник.

Американскиот Сенат во вторникот гласаше во корист на ратификување на протоколот за пристап на Македонија во НАТО. Сенатот со убедливо мнозинство од 92 гласа „за“, 2 „против“ и 7 „воздржани“ даде поддршка за македонското членство во НАТО.

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

AnimeFreak The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

old animefreak Tokyo Revengers (Dub)

anime freaks tv AnimeFreak Hunter x Hunter (2011)

watch anime online AnimeFreak Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train

animefreaks website Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

tải go88