September 19, 2019 05:25
Спорт

Олимпијакос најубедлив во плејофот од ЛШ

Грчкиот Олимпијакос ја забележа највисоката победа во првите натпреваро од плејофот за пласман во фудбалската Лига на шампионите. Во Атина, „црвено-белите” го совладаа руски Краснодар со 4:0 и направија голем исчекор кон групната фаза од елитното натпреварување.

Со предност од 2:0 се стекна и хрватскиот првак Динамо Загреб против норвешки Розенборг. Цел натпревар кај загрепчани одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

И српскиот првак  Црвена звезда се избори за актвен резултат (2:2) на гостувањето во Швајцарија кај Јанг бојс.

Резултати од натпреварите играни во вторникот:
Клуж – Спарта Прага 0:1
АПОЕЛ – Ајакс 0:0
ЛАСК – Клуб Бриж 0:1.

Реванши средбите на овие мечеви се закажани за 27 и 28 август.

Нови вести

Динамо ја торпедираше Аталанта, Звезда немоќна против Баерн

Igor

ПСЖ го демолираше Реал, Атлетико спаси бод против Јувентус`

Igor

Македонија без осминафинале на ЕП: Финска со пресврт до победа над Турција

Igor