October 19, 2021 04:05
Спорт

Олимписко злато со светски рекорд за Јужноафриканката Шонмакер

Јужноафриканката Татјана Шонмакер го освои златниот рекорд на трката на 200 метри градно притоа поставувајќи нов светски рекорд.
24-годишната пливачка уште во квалификациите навести дека е подготвена за голем резултат, а во финалето делницата од 200 метри ја исплива за 2:18.95 минути со што го собори светскиот рекорд на Рике Пердерсен од 2013 година. Шонмакер стана првата жена во историјата која оваа делница ја исплива под 2:19 минути, а светскиот рекорд го подобри за 16 стотинки. На победничкиот пиедестал се најдоа уште две Американки, сребрената Лили Кинг и бронзената Ени Лазор.

Олимписки рекорд пак постави австралиската пливачка на 100 метри, Ема Мекион. Таа до златниот медал на трката на 100 метри слободно триумфира со време од 51.96 секунди и зад себе ги остави Бернадет Сиобан и Кејт Кемпбел.
Олимписки рекорд беше соборен и во финалната трка на 200 метри грбно во машка конкуренција. Најдобар резултат во историјата на Олимписките игри постави Русинот Евгени Рилов со 1:53.27 минути кој дојде до второто олимписко злато, откако прертходно победи и на трката на 100 метри грбно. Сребрениот медал му припадна на Американецот Рајан Марфи, додека брозаната ја освои Британецот Лук Гринбанк.

Кинезот Шун Ванг стана олимписки шампион на 200 метри мешано. Тој до златниот медал дојде со нов рекорд на Азија од 1:55.00 минути, а второто место го освои Британецот Данкан Скот, додека трет беше Џереми Деспланше од Швајцарија.

High School DxD Hero (Dub) Episode 12

GRANBLUE FANTASY The Animation Season2 Special (https://twistmoe.net/m/dOmj) Episode Full

https://animebee.to free anime online

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

500px: https://500px.com/p/kissanimemx?view=photos

Openlibrary: https://openlibrary.org/people/animeflixnl