October 16, 2021 09:47
Македонија

Оливер Илиевски на Телма: Јас како градоначалник ќе имам најтешка задача, а тоа е да го реализирам она што беше ветено 2017 но да создадам и нови проекти

Програмата за Куманово е направена веќе една година од мене и од мојот тим, рече Оливер Илиевски кандидат за градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ.
„Таа“, како што рече тој „е направена преку анкета со граѓаните, одејќи од едно до друго населено место, со нотирање на сите проблеми во Куманово, кои патем се познати. Но ние ги ставивме на хартија, пресметавме колку чинат и од кои финасиски средства ќе се финансираат“, истакна Илиевски.

„Затоа имаме макро проекти, кои се однесуваат на целиот град, како што е изработката на ГУП-от кој Куманово веќе дваесет години го нема, и од друга страна микро проекти од кои најважни се обезбедување водовод и канализација, асфалтирани улици, детски катчиња, спортски терени и места каде сите граѓани ќе можат да се дружат. Морам да кажам дека најголем дел од проектите кои беа ветени во 2017 ништо не е реализирано: инфраструктура, чист воздух и животна средина, нови паркинзи и гасификација, катни гаражи, нови паркови и др, ништо од тоа не е направено и затоа јас како иден градоначалник ќе ја имам можеби најтешката задача, затоа што треба да ги реализираме оние проекти кои не се реализирани и плус да додадеме и други, нови“.

„Што се однесува до централната власт во изминатиот период“, посочи кандидатот на СДСМ, Илеиевски, „имаше инвестиции во образованието, но тоа сеуште не доволно, затоа што останува проблемот за решавање со двете училишта на албански јазик и во многу основни и средни училишта во Куманово каде сеуште протекуваат покривите, сите училишта немаат спортски сали. Во последните години преку Владата се изградија три спортски сали но тие не се доволни. Јас би сакал во сите населби да има спортски терени и мини детски катчиња.“

„Куманово има многу проблеми меѓу кои е и сообраќајниот метеж кој може да се реши со подземни сообраќајници и паркинзи за 700 возила“, рече Илиевски во дебата на ТВ Телма.

Website https://aniwatch.pro: Watch Broken Blade 2 (Dub) aniwatch Episode Full anime websites

Website https://animebee.to: Watch Gakuen Utopia Manabi Straight! Special animebee Episode Full anime online

animepahe :: okay-ish anime website

Watch Attack on Titan (Dub) Episode 25

AnimeHeaven: Tokyo Mew Mew (Dub) anime episode 26 online free at https://animeheaven.pro dr stone anime heaven