August 14, 2022 20:53
Свет

Оксфам предлага данок на екстра профит од Ковид препарати или фосфилни горива заради надминување на кризата со храна

За компаниите во прехранбениот сектор и во дејностите на фосилни горива и фармацевтски производи кои остварија огромни профити поради пандемијата на Ковид-19, треба да се воведат огромни даноци на дополнителна заработка, смета Габриела Бачер, извршна директорка на добротворната организација Оксфам Интернешнл.

Вонредниот данок од 90 отсто на дополнителниот профит на глобално ниво би донел околу 490 милијарди долари приход што би можел да се искористи за справување со кризата со храна, која добива „катастрофални размери” за стотици милиони луѓе, истакна Бачер, пишува британскиот весник Гардијан.

– Кризата со храна со која се соочуваме е исклучително сериозна и веројатно без преседан. Нема доволно финансиски средства за решавање на итните барања за спасување животи, но и за долгорочно решавање на нејзините основни причини. Ако не реагираме брзо, кризата ќе продолжи и ќе достигне навистина катастрофални нивоа, предупреди таа.

Дополнителниот данок на доход би можел да се искористи за ублажување на трошоците за животна криза на сиромашните во развиените земји и растечкиот глад во земјите во развој, тврди Бачер. Воведувањето на вонреден данок на дополнителен профит, вели таа, ќе обезбеди средства за спасување на животите на луѓето сега, како и за зајакнување на глобалниот систем на храна против идните кризи.