October 22, 2021 09:15
Свет

Околу 200 уметници одбиваат да ја застапуваат Белгија во странство поради мигрантите без документи

Околу двесте уметници и културни работници и порачаа на белгиската влада дека нема повеќе да ја застапуваат земјата во странство додека не се реши проблемот на мигрантите без документи кои 57 дена штрајкуваат со глад, јави дописничката на МИА од Брисел.

Над 400 лица кои со години живеат и работат во Белгија без да добијат легален престој или државјанство од 23 мај штрајкуваат со глад, а денеска го започнуваат третиот ден на штрајкот со жед.

Меѓу “мигранти без документи” има луѓе кои во Белгија живеат повеќе од 30 години без регуларен статус.

Ситуацијата во црквата каде штрајкуваат се влошува од ден во ден.

Денеска културните работници и уметниците кренаа глас, меѓу нив и режисерот Жан Пјер Дарден, добитник на Златната Палма во Кан и многу други, протестираат поради отсуството на јасен и кохерентен одговор од страна на властите за статусот на овие мигранти.

Белгија е една од ретките земји каде нема јасни правила за добивање легален престој и арбитрарните одлуки не се ретки во овој процес.

Властите порачаа дека нема да попуштат пред штрајкот со глад и да дозволат масовна регуларизација.

Уметниците во отворена порака до владата порачаа: “Како да продолжиме да зборуваме за светот на сцена, да даваме смисла, да забавуваме, да создаваме социјални контакти и хуманост кога во срцето на нашата земја луѓе се борат со последното оружје кое го имаат: нивниот живот?”, порачаа културните работници во знак на солидарност со штрајкувачите.

-Како без срам да кажеме дека сме белгиски уметници или техничари? Како да не се срамиме од индиректното и скриено насилство кое се врши кога треба да се регулараат луѓе без документи?, пишува Дарден со неговите колеги.

Културните работници бараат под итно владата да преземе одговорност и да им дадат јасни одговори на луѓето кои го ризикуваат својот живот со штрајкот со глад и жед.

-До тогаш одбиваме да ја застапуваме оваа земја во странство и изјавуваме дека оваа нечовечка политика не се води во наше име, изјавија уметниците. 

AnimeKisa Watch english anime Online in HD for FREE

4Anime: Blue Drop anime episode 13 online free at https://4anime.biz anime sites

Website https://wcostream.cc: Watch After School Dice Club (Dub) wcostream Episode 12 wcostream amazing world of gumball

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official

Misterpoll: https://www.misterpoll.com/users/1386717

Free-ebooks: https://www.free-ebooks.net/profile/1323268/gogoanimebe